Добредојдовте на нашиот сајт

Во стоматолошката ординација Неодент особено внимание се обраќа на квалитетот на услугите, континуираното усовршување на стручниот и техничкиот тим. Затоа во работата се применуваат квалитетни и современи материјали, а тимот професионално се надградува следејќи ги релевантните стоматолошки конгреси и стручни собири.

Ординацијата Неодент во своето повеќегодишно работење ја наметнува својата компетентност и стручност во работењето, издигнувајќи ја истовремено на највисоко ниво грижата за пациентите и нивното орално здравје. Следејќи ги најсовремените трендови во стоматологијата приоритет на ординацијата е задоволување на потребите и желбите на пациентите. Ординацијата, во простор од 120 м2 располага со три стоматолошки стола, современа опрема, запазувајќи беспрекорни технички и хигиенски стандарди.