Ние ја градиме вашата НАСМЕВКА!

ДЕТСКА СТОМАТОЛОГИЈА

Децата се посебни пациенти и пациенти на кои треба да им се обрне повеќе внимание, нивната доверба треба да се заслужи, со што би се формирала основа за квалитетен однос кон одржување на здрави заби и уста во текот на целиот живот. Децата со здрави заби полесно и по правилно ја џвакаат храната и подобро ги искористуваат нејзините состојки, побрзо и подобро говорат, а и општо се по здрави, бидејќи болестите на забите и усната шуплина можат да влијаат на појава на болести и на останатите органи.

ЗАЛЕВАЊЕ НА ФИСУРИТЕ

Залевање на фисурите е постапка со која се исполнуваат шуплините со материјал кој ретинира на површината на глеѓта, со помош на истата техника со која ги вршиме полнењата на површината на глеѓта.

Целта на залевање на фисурите е да ги преобликуваме и затвориме со средство за залевање и така ги изолираме од кариогени фактори.

Забот најдобро е да се залива во периодот од 6 или 7 годишна возраст, а се заливаат само длабоки и здрави фисури.

Самиот зафат е едноставен и се одвива во неколку чекори: забот прво мора добро да се исчисти од плакот, а забниот камен се чисти по механички пак и со пасти за чистење и полирање. По чистењето следува залевање со фисурно средство, а на крајот се полира целата површина на забот. Неопходно е третираните заби да се премачкуваат со средство кое има висока концентрација на флуор и да се врши редовна контрола кај стоматолог секои 6 месеци. Според некои истражувања, со употреба на овој метод се редуцира шансата за појава на кариес и до 99%. Предности на овој метод се:  потполно зачувани сите тврди забни ткива, безболна и краткотрајна постапка, децата добро го поднесуваат и веројатноста од појава на кариес е минимална.

ФЛУОРИДАЦИЈА НА ЗАБИТЕ

Професионална апликација на флуоридните лакови се препорачува два пати годишно.

РАН ДЕТСКИ КАРИЕС ИЛИ „БЕБЕШКИ КАРИЕС“

Раниот детски кариес е специфична болест на млечните заби која настанува многу рано. Се дефинира

како постоење на најмалку една кариесна лезија на млечниот заб кај децата помлади од 6 години. Раниот детски кариес ги опфаќа децата од 0-3 години. Најчесто се наоѓа на предната страна на горните заби и првите катници. Се користат различни имиња како што се „рампантен кариес“ или „синдром на бебешки кариес“. Појавата на раниот детски кариес секогаш е поврзана со слабата орална хигиена на детето и лошата навика децата да се успиваат со бебешко шишенце или да се хранат во ноќните часови. Лечењето е многу сложена и болна постапка за децата. Кога ќе се забележи почетокот на раниот кариес неопходно е веднаш да се започне со превенција од понатамошни деструкции на забот и појава на останати здравствени проблеми. Кај таквите деца постои и висок ризик за кариес на трајните заби, па потребно е да се спроведат мерки за по интензивна превенција од настанување на кариес.

Во раната фаза кариесот ги опфаќа сите горни секачи, а набрзо доаѓа и до потполно уништување на коронките на тие заби,  гнојниот пулпитис и денталниот апцес со фистулизација. Тоа може да биде поврзано со високите температури, болките и апсцесите што бараат честа итна интервенција кај малите деца. Болести зафаќа околу 15–20%  мали деца, а може да се превентира само со рани посети кај стоматолог, придржување до упатството за начин на хранење, и спроведување на потребната орална хигиена.

Развојот на РДК е поврзан со зачестеното хранење на децата во ноќните часови или употреба на засладени напитоци. Ако мајката користи гуми за џвакање со ксилитол може да биде корисно за одложување на појава на некоја рана орална инфекција кај детето (Streptococcus mutanos). Дневната употреба на паста за заби со флуорид и примена на флуоридни лакови кај детето најмалку двапати годишно претставуваат најдобра постапка за превенција од ран детски кариес.

За превенција можат да се препорачаат веќе докажани постапки, а тие вклучуваат дневно четкање на забите на детето со флуоридни пасти веднаш по никнувањето на забите, професионална апликација на флуоридни лакови двапати годишно, советување на родителите за превенција од пренос на Streptococcus mutansa  на нивното дете, мајката да користи гуми за џвакање со ксилитол во период кога млечните забите на детето никнуваат (6-20 месеци) и да се прекине ноќното хранење на детето со бебешки шишиња или засладени напитоци.