Ние ја градиме вашата НАСМЕВКА!

Имплантологија

Имплантологијата, односно имплантопротетиката ги опфаќа фиксните и мобилните реставрации на денталните импланти. Денталните (забни) импланти се изработени од титаниум или соединение на титаниум и циркон. Овие импланти се вградуваат во коската на местото на изгубениот природен заб со помош на посебна хируршка техника што вклучува локална анестезија. Ваквиот вграден имплант претставува корен на заботна кој понатаму се фиксираат еден или повеќе заби во зависност од протетската конструкција. Постапката за вградување на денталниот имплант е безболна и се повеќе се применува како терапија за решавање на проблеми во секојдневната пракса на стоматолозите.

СОВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ ЗА СИТЕ ВИДОВИ НА НЕДОСТАТОК НА ЗАБИ

Денталната имплантологија е гранка на стоматологијата постара од 30 години и во целост претставува усовршена стоматолошка дисциплина која зазема се поголем дел во современата клиничка стоматологија. Долгогодишната пракса покажува дека всадувањето на импланти е рутиниран и безболен медицински зафат кој се врши во присуство на локална анестезија.

Успешноста на всадувањето е преку 97%. Скоро секоја личност што има изгубено барем еден заб поради било која причина претставува кандидат за всадување на дентален имплант. Единствен исклучок се пациентите кои патат од остеопороза, дијабетис и слични хронични болести. Во ризичната група спаѓаат и пушачите поради никотинот и покачената температура во устата кои имаат негативно влијание кон вашето здравје. Основен предуслов за всадување на импланти е добрата орална хигиена. Денталните импланти се идеално решение за луѓе со добро општо здравје и секојдневна орална хигиена кои изгубиле заби поради некоја парадонтна болест, траума, повреда и слично. Кандидатите исто така мораат да имаат здрави непца и здрава коска за поткрепа на имплантите. Имплантологијата претставува идеално решение за сите видови на загубени заби - како замена за еден заб, повеќе заби или како замена за цела горна или долна вилица. Ако недостасува само еден заб во забната низа, потребен е еден имплант и една коронка за најдобро и долготрајно естетско решение. Денталнитот имплант е изработен од титаниум. Имплантот се всадува во вилицата како замена за изгубениот заб и исто така може да послужи како носач за дополнителни протези. По всадувањето на имплантот се поставува надоградба (абутмент) односно следи завршната фаза која може да биде коронка, мост или забна протеза. Најпрепорачливи се имплантите од титаниум бидејќи се механички прифатливи, не штетат и не предизвикуваат отфрлање од страна на организмот. Титаниумот се користи поради својата биолошка неутралност и најдобро влијае во текот на периодот на осеоинтеграција односно периодот кога всадениот имплант зараснува.

Имплантот има неколку предности во споредба со другите методи за надоместок на изгубени заби. Изгледот и функцијата на имплантот се сосема природни а помага и при штитење на алвеоларниот гребен. Со помош на всадените импланти ја спречуваме понатамошната коскена ресорпција која најчесто се појавува при опаѓање на забите, не ги жртвуваме преостанатите здрави заби во неговата непосредна близина како резултат на понатамошни третмани од областа на протетиката и со својата цврстина всадениот имплант претставува одличен кандидат за носач на фиксни протези со што се отстранува можноста за појава на иритација што е случај кај мобилните протези.

Непосредно пред всадувањето на имплантите вашиот имплантолог мора да го одреди здравјето на вашата уста, да провери дали постојат било какви парадонтални заболувања или кариес кои мораат да се излечат пред всадувањето на имплантите. Потоа потребно е да се направи целосна слика на забите во вилицата и ортопантомограм. На ортопантомограмот се одредува квалитетот на коската и позицијата на анатомската структура што може да претставува препрека при поставување на имплантот.

Протетските помагала се менуваат повремено. Ако ви недостасува поголем број на заби тогаш мостовите кои се вградуваат се потпираат на веќе всадениот имплант. Во овој случај имплантите ќе ги заменат и корените на опаднатите заби. Примарниот дел на имплантот се вградува во коската на хируршки начин. Самиот хируршки зафат е безболен поради тоа што се применува локална анестезија и трае кратко, околу 30 минути. Потоа следат другите фази на всадување на имплантот. Прва од овие фази претставува мирувањето на имплантот - по всадувањето имплантот го оставаме да мирува во коската. За горната вилица потребни се 4 до 6 месеци, а за долната вилица 2 до 3 месеци. Ова време е потребно за да се изврши целосна интеграција на имплантот во коската. Во текот на целиот процес имплантите се невидливи во усната празнина бидејќи се покриени со слузница. Постои можност за изработка на привремен мост или протеза од естетски причини ако пациентот сака да го задржи природниот изглед во текот на третманот.

Наредната фаза е отварањето на имплантот. По истекот на предодреденото време во кое тој мирува, имплантот се отвора односно се поставуваат надоградби кои служат како носачи за изработка на протетичко помагало. За успешна терапија најважно е зараснување на имплантот во коската на пациентот односно осеоинтеграција. Потоа следува протетскиот дел на терапијата односно изработка на забите кои недостасуваат. За заштита на имплантот потребни се почести контролни посети кај вашиот стоматолог и поинтензивна орална хигиена. Најчесто ваквите импланти траат доживотно при правилна дентална и орална хигиена и редовни посети кај стоматолог. Компликациите после ваквата терапија се многу ретки и се решаваат со правилна дијагноза. Се препорачува контролна посета кај стоматолог и рентген еднаш или два пати годишно.

КОСКЕНА АУГМЕНТАЦИЈА

Неправилностите во алвеоларниот гребен во горната или долната вилица можат да резултираат со недостаток на коска што е потребна за вградувањето на имплантот. Ваквите неправилности предизвикани од различни парадентални болести, носење на протези, дефекти во развојот или повреди. Тие можат да предизвикаат проблеми при всадувањето на имплантите, но и проблеми од естетски карактер односно оневозможуваат доволна орална хигиена. Аугментацијата на алвеоларниот гребен е многу важен зафат во областа на имплантологијата бидејќи ни овозможува да извршиме по прифатливи естетски и функционална набавка на протетски имплант. За поправка на ваквите недостатоци на коската, гребенот може да се аугментира со коскена надоградба. Зафатот вклучува подигнување на гингивите и всадување во коската за поправка на дефектот. Како надоместок може да се искористи коска од друго место на пациентот или некој друг природен материјал што одговара. По всадувањето на коскениот надоместок чекаме 4 до 8 месеци пред всадувањето на имплантот.

ПОДИГНУВАЊЕ НА СИНУСОТ

Страничниот дел на горната вилица е критично подрачје за успешното всадување на импланти поради недоволната дебелина и квалитет на коската која се наоѓа во близина на максило-синусот. Во ова подрачје најчесто се појавува недостаток на коска во која може да се всади имплантот. Овој проблем се решава со помош на аугментација на максило-синусот. Со помош на оваа постапка се подигнува дното на синусната шуплина и се поставува вметна коска за да се добие доволно место за всадување на имплантот. Постојат неколку техники во зависност од потребите на секој пациент, а по зафатот се чека од 4 до 12 месеци за формирање на нова коска пред да се всаде имплантот. Докажано е дека подигнувањето на синусот ја зголемува шансата за успешно всадување на имплантите во ова подрачје. При ваквиот зафат траумата на пациентот е минимална односно во текот на хируршкиот зафат се користи локална анестезија што за пациентот е безболно.

КОРОНКИ И МОСТОВИ НА ИМПЛАНТИТЕ

Во зависност од бројот на заби кои недостасуваат, на имплантите можат да се надоврзат коронки или мостови. По успешната остеоинтеграција односно успешното користење на имплантот како корен на забот кој недостасува, следи фазата во која целосно ја надоместуваме коронката на забот. По извесно време откако имплантите се во мирување, ги отвараме и им поставуваме надоградби кои служат како носачи на конечната протетска конструкција. Во зависност од бројот на заби кои недостасуваат можеме да ви всадиме од еден заб до цела низа на забите кои што недостасуваат. Точниот број на импланти кои се потребни за целосно враќање во функција на вилицата зависи од секој индивидуален пациент, а вашиот стоматолог ќе го најде најдоброто решение по темелен преглед и анализа на усната празнина со помош на РТГ-снимка.

МИНИ ИМПЛАНТИ - БРЗО РЕШЕНИЕ ЗА ЛАБАВИ ПРОТЕЗИ И ДЕЛУМНО ЗАГУБЕНИ ЗАБИ

Наменети за ретенција на тоталните протези. Во случај на нестабилност на горната или долната тотална протеза, кога поради неповолни анатомски околности не може да се постигне добра стабилност, на пациентот можеме да му помоглеме со всадување на мини-импланти во вилицата. Протезите тогаш се прицврстуваат на ваквите импланти и ги решаваме сите проблеми со говорот и исхраната, односно постигнуваме природна удобност, комфорт, чувство на сигурност и самоувереност.

Мини-имплантите додатно ја прицврстуваат протезата и придонесуваат за нејзината стабилност во устата. Целата постапка на вградување се врши под локална анестезија, целосно безболно и со привремено оптеретување на имплантот. Не е потребно да се чека 3-4 месеци, а од всадувањето на имплантот до завршување на целата постапка потребни се околу 14 дена. По вградувањето, протезата се прилагодува и слегнува на дното на имплантот кој штрчи над нивото на гингивата. Сега веќе протезите се прицврстени на имплантот и нема никакво движење.

All-on-4’

All-on-4 претставува напредна техника со која им се овозможува на пациентите во рок од 24 часа целосно надоместување на низа изгубени заби. Во овој случај станува збор за акрилатна редуцирана протеза изработена од ист материјал како и мобилната акрилатна протеза. Предноста на оваа техника е рапидното фиксно решение за пациентите без заби и тоа со протеза која е фиксирана за 4 импланти. Времето потребно за опоравување од ваквиот третман е минимално а пациентите веднаш добиваат чувство на самодоверба кога се смеат или уживаат во својот оброк. Не постои страв од паѓање на протезата.