Ние ја градиме вашата НАСМЕВКА!

ОРАЛНА ХИРУРГИЈА

Оралната хирургија е специјалистичка активност на денталната медицина, а најчесто подразбира хируршки зафати за вадење на умниците, импактирани и ретинирани очници или умници, ресекции на коренот на забот односно отстранување на останати и скршени корени на забот. Оралната хирургија ги опфаќа естетските и функционалните реконструкции на забите односно сите пореметувања во усната празнина пред да се започне со било каков протетички или имплантолошки зафат. Оралната хирургија е тесно поврзана со останатите гранки на денталната медицина, особено со ортодонцијата бидејќи понекогаш за успешна и целосна ортодонтска терапија потребно е да се отстранат неколку здрави заби. Сите зафати на оралната хирургија се вршат под локална анестезија и во целост се безболни за пациентите.

ИТНИ СОСТОЈБИ

Доколку во усната шуплина имате еден или повеќе заби чија корнка е во потполност уништена и повеќе не може да се лечи ендодонтски, таквите заби би требало да се извадат. Тие се жаришта за бактерии во вилицата. Ако е таквито заб под акутно воспаление, препорачливо е да се земаат антибиотици, а кога воспалението ќе се смири, забот ќе се извади. Вадењето на заби е помал хируршки зафат, по кој во устата останува отворена рана. На таквата рана по екстрахирање на забот, ставаме стерилен тампон, кој што пациентите го загризуваат и така го држат 10 минути. Раната не смее да се плакне ниту да се чисти, бидејќи така се отстранува крвното згрутчување кое е клучно за зацелување на раната.

АПИКОТОМИЈА

Апитокомија е оралнохируршки зафат при кој се отстранува врвот на коренот и уништената коска, но и целата патолошка содржина околу врвот на коренот. Овој зафат се применува по исцрпувањето на сите можности за конзервативно лечење на коренскиот канал, а воспалението и понатаму е присутно, па ова е последниот начин за спасување на забот. Шуплината која останува по оваа постапка може да се исполни со вметнување на коска, а слузницата ја враќаме на своето место и ги поставуваме шевовите кои ги отстрануваме по следната контрола. Сите хируршки зафати се вршат под локална анестезија.

ИМПАКТИРАНИ ЗАБИ

Импактирани заби се оние заби кои не израснале поради било која физичка препрека на патот на нивното никнување, на пример некој друг заб. Ретинирани заби се оние кои не израснале од некоја друга причина како на пример погрешна насока на растење, предлабока положба на ембрионот, погрешна положба на ембрионот, оштетување на ембрионот и друго.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЦИСТА ИЛИ ЦИСТЕКТОМИЈА

Причините за настанување на самите цисти се различни, но предуслов е настанокот на епително ткиво од кој подоцна се развива циста. Речиси сите цисти на вилицата настануваат од епителни остатоци на ембрионалните структури и Hertingov пликовите, а посебно воспалените цисти кои што се поврзани со болеста на забот.  Епителните станици се зголемуваат како последица на удар или воспаление, по што доаѓа до настанување на пукнатини. Сите цисти можат да предизвикаат низа на проблеми како што се помрднување на забот при ресорпција на коските, промена на обликот или деформации на вилиците, воспаление на самата циста што ќе предизвика големи апцеси во подрачјето на вилицата и лицето, па се до фрактура на вилицата. Рентгентската снимка на вилицата ќе ни помогне при дијагностицирање и детално прикажување на вилиците со сите заби. Помалите цисти можеме да ги отстраниме со локална анестезија, но за поголемите обично е потребен зафат со целосна анестезија. По хируршки пат може да се отстрани само дел или цела циста.

Оперативната постапка вклучува истенчување на коската додека ѕидот на цистата не биде видлив. По добивање на пристап до цистата, таа во целост се лупи со помош на посебни хируршки инструменти. Следната и последна процедура е зашивање со хируршки конец.

ХИРУРШКО ВАДЕЊЕ НА УМНИЦИ

Пациентите често не се свесни за умникот во усната шуплина бидејќи не смета и не боли. Умниците се последните заби кои се развиваат кај возрасниот човек. Во текот на никнувањето, умниците можат да предизвикаат воспаление на забното месо кое воглавно се отстранува со самото чистење на забите, но во случај процесот да се искомплицира или често се појавува, потребно е да се пристапи со хируршки зафат на вадење на умникот. Воглавно секој трет катник нема соодветен слободен простор за правилно да израсне, па така во многу случаи неговото никнување може да биде многу не удобно, а тоа ќе предизвика отекување, болка и воспаление на забното месо.  Неправилнто никнување може да доведе до оштетување на околните заби, гингиви и коски, а понекогаш може да доведе до развој на циста или тумор. Хируршкото вадење на умниците и заостанати корени е релативно чест зафат во стоматолошките ординации. Зафатот се врши така што дел од слузницата околу забот се одвојува, а после тоа се пристапува кон импактираниот заб или заостанатиот корен, така што го отстрануваме тој дел од коската кој ни онеозможува забот или коренот цврсто и сигурно да ги фатиме со инструментот и да го извадиме од вилицата. Слузницата ја враќаме на своето место, го ставаме потребниот број на шавови и зафатот е готов.