Ние ја градиме вашата НАСМЕВКА!

Ортодонција

Ортодонцијата, односно ортодонската терапија се занимава со исправување на неправилната положба на забите, т.е воспоставување на правилен однос помеѓу горната и долната вилица, со цел да се постигне подобро здравје и естетика. Освен убавата насмевка, на пациентите им се подобрува и функцијата за џвакање и говор и се овозможува подобро одржување на хигиена, со што се намалува и можноста за настанување на кариес. Нема временско ограничување за ортодонската терапија, но третманите кај повозрасните траат подолго отколку кај децата, за кои е идеално да го започнат ортодонското лечење во периодот од 9 до 14 години.

РАНА ДИЈАГНОСТИКА И ТЕРАПИЈА

Ортодонтот е најдобро да се посети на 7 годишна возраст. Иако тогаш ортодонската терапија нема да биде потребна, може да се направи првиот преглед и тогаш да се претпостави дали и каква терапија ќе биде потребна. Во тој период очекувано е во устата да се појават првите секачи и катници, а може да се воочи и збиеност на забите и страничен загриз. Раната терапија не е можно да се примени кај сите деца, бидејќи некои ортодонтски аномалии е најдобро да се решаваат кога ќе израснат сите трајни заби. Раната терапија е корисна бидејќи може да се влијае на односот помеѓу горната и долната вилица и да влијае на проширување на горната вилица со што се добива простор за трајните заби и се избегнува нивно понатамошно вадење.

 Со раната терапија може да се намали можноста за импактирани заби, да се отстранат непожелните навики на цицање на прстот и туркање на јазикот кон предните заби. Исто така раната терапија може да влијае на неправилното голтање и потешкотиите при говор. Раната терапија може прилично да ја поедностави подоцната терапија, а се изведува според план кој што се темели на специфичен, поединичен случај на секој пациент. Дијагностичките постапки за раната терапија вклучуаат фотографирање (интраорално и екстраорално), клинички преглед и две рентгентски слики – ЛЛ краниограм и ортопантомограм. По анализата и мерењето, ортодонтот одлучува дали и каква ортодонтска терапија е потребна.

ОРТОДОНЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ

Најчестиот период кога пациентите одлучуваат да се јават за преглед кај ортодонтот е помеѓу десетата и петнаесеттата година од животот. Имено, до дванаесеттата година кога ќе испаднат поголемиот дел од млечните заби, родителите и младите пациенти најчесто приметуваат нерамни заби и лош загриз. Младите добро реагираат на ортодонската терапија, па затоа таа не трае долго. Одреден број на деца треба да почнат порано со терапијата поради специфичноста на своите ортодонски аномалии, така да би било идеално кога првиот преглед кај ортодонтот е на 7 годишна возраст.

ОРТОДОНЦИЈА ЗА ВОЗРАСНИ

Никогаш не е доцна за ортодонција! Терапијата може да биде успешна во секое време, а возрасните посебно ќе ја почитуваат доколку поголемиот дел од животот биле оптеретени и незадоволни со својата насмевка. Ако структурата на коските и месото околу забот се задоволувачки, многу лесно се исправува неправилната положба на забите. Иако повозрасните почесто се одлучуваат за ортодонтска терапија од естетски причини, таа исто така може да влијае на самодовербата но и на подобрување на здравјето на забите и месото околу забот. Кривите заби и лошиот загриз може да влијаат на губење на забите, ослабување на коските, полесно појавување на кариес и неправилно трошење на забната глеѓ. Во денешно време постојат неколку направи и техники со кои може да се намалат непријатностите. За восрасните е побитно апаратот во устата што помалку да се гледа, така да во тој случај се препорачуваат некои помалку видливи решенија, како што се белите керамички брекети, лингвалните брекети или проѕирни фолии.

МОБИЛНИ АПАРАТИ – TWIN BLOCK

 Twin block е мобилен апарат кој најчесто се користи и служи за исправување на односот помеѓу горната и долната вилица и тоа во случаи кого долната вилица е сместена премногу назад. Најдобрите резултати ќе постигнеме ако започнеме со терапијата во време на пубертет – кај девојчињата во периодот од 12 или 13 години, а кај момчињата во периодот од 13 или 14 години.

 ЛЛ краниограм е рентгентска снимка на која се гледа дали пациентот е во фаза на развој во која е најдобро да се исправи ваквиот однос на вилиците. Twin block апаратите се носат скоро 24 часа дневно и во тој случај веќе после 3 месеци се забележуваат одлични резултати. Вкупното времетраење на оваа терапија најчесто е околу година, а потоа обично се поставува фиксен апарат за исправување на забите.

FACIAL MASK

Направа која што секогаш доаѓа во комбинација со hyrax направата за ширење на непцето, а се користи во ситуации кога горната вилица е сместена премногу назад, а долната премногу напред. Најдобри кандидати за оваа врста на терапија се децата во периодот од 7 до 9 години.

HEADGEAR

Направа која се состои од прстени прицврстени на горните катници и надворешен лак кој се вметнува во тие прстени, т.е еластични ленти кои ги ставаме на главата или околу вратот. Доколку детето соработува, добиваме одлични резултати и немаме потреба за вадење на трајните заби во доцната ортодонска терапија. Потребата за headgear е најчеста по прераната забуга на млечни заби.

ФИКСНИ АПАРАТИ

Фиксните апарати служат најпрво за исправување на положбата на забите и не е можно да се користат за отстранување на некои други проблеми како што се потребата за ширење на вилиците или односот помеѓу долната и горната вилица. Во тие случаи ќе добиеме подобри резултати со некои други (мобилни или фиксни) решенија.

Фиксните апарати се состојат од брекети кои се лепат за забите со посебни композитни материјали и лак направен од посебни жици со кои тие брекети се поврзуваат. Делувањето на лесна сила во посакуваниот и контролираниот смер на брекетите и жичаниот лaк ги поместува забите. Жицата која се користи во лакот во почетокот е тркалезна и еластична, а со времето ја менуваме во подебела и правоаголна. Во текот на терапијата се применуваат околу 4 до 6 различни жичани лакови.

САМОЛИГИРАЧКИ ТЕХНИКИ

Модерните самолигирачки техники кои ги користиме во нашата ординација имаат предност пред обичните фиксни апарати до толку што е смалено триењето, а жиците на брекетите се прицврстуваат со механизам кој што е веќе вграден на брекетите , а не со поврзување на гумичките. Во однос на класичните брекети имаат уште некои предности од кои за пациентите најбитно е намалување на траењето на терапијата, поголемо времетраење помеѓу контролите, помалку време помината на стоматолошки стол, полесно (а со тоа и подобро) одржување на хигиената, па затоа овие апарати се поудобни за пациентите.

 Самолигирачката техника е модерна фиксна ортодонтска техника која користи посебна врста на самолигирачки брекети. Во фиксната ортодонција брекетата (плочка која ја лепиме на забот) е само посредник на силата која од жицата ја пренесуваме на забот кој што тогаш се мести во правилната положба. Кај сите конвенционални состави жицата која се наоѓа во брекетите се засврстува со помош на лигатура која може да биде гумена или жичена. Кај самолигирачките брекети постои клип кој овозможува поврзување на жиците во слотот без лигатура, а тоа значително ја поедноставува постапката.

Предностите на самолигирачките брекети се: подобар контакт помеѓу жицата и брекетата, ниско триење помеѓу брекетите и жиците, оптимални сили кои побргу го помрднуваат забот, пократко време за менување на жиците, пократко времетраење на контролите, намалување на траење на терапијата  и бројот на посети, терапијата е пократка за 6-7 месеци, контроли секои 10 до 12 недели и полесно и подобро одржување на хигиена. Самолигирачките брекети овозможуваат поедноставно користење и на пациентот и на лекарот. Пациентите уживаат во предностите како што се: подобра хигиена, естетика, удобност и побрза терапија, а лекарот има корист поради заштеда на време, како и попрецизно помрднување на забите со помош на делувањето на еластичниот клип. Супер еластичниот клип овозможува константна сила на исправување која секогаш останува иста. Заедничкото делување на клипот и лакот го продолжува подрачјето на активација на фиксната направа и го намалува бројот на посети на пациентите и времето на терапијата. Во нашата поликлиника се користат најмодерните системи на фирмата GAC Dentsply, метални INOVATION – R и естетски INOVATION – C. Повеќе во брошурата (HYPER LINK)

МЕТАЛНИ БРЕКЕТИ

Металните брекети кои ги користиме се удобни за пациентите и со мали димензии

КЕРАМИЧКИ БРЕКЕТИ

Овие брекети се со мали димензии со бела боја, која се прилагодува на бојата на забите.  Ги избираат пациентите за кои најважна е естетиката и апаратот да е што помалку видлив.

ЛИНГВАЛНИ БРЕКЕТИ

На пациентите на кои им е многу важна естетиката и не сакаат нивниот фиксен апарат воопшто да се забележува им препорачуваме фиксна терапија со лингвални брекети. Брекетите од предната страна се во целост невидливи, а се лепат на внатрешната страна на забот.

ОСТАНАТИ ФИКСНИ АПАРАТИ

Hyrax

Апарат за ширење на вилиците кој што е најдобро да се користи што порано, бидејќи резултатите во тој случај се постабилни. Со употребата на Hyrax се добива повеќе простор за положбата на трајните заби и поширока насмевка, а со тоа и правилен загриз.

Лингвален лак

Ако дојде до прерана загуба на некој млечен заб во долната вилица, лингвалниот лак ќе спречи помрднување на долниот траен катник нанапред. Ако тоа не се спречи, последицата е вадење на трајни заби поради недостаток на простор. Лингвалниот лак е исто така корисен во случаи на силна компресија во предниот дел на долната вилица.

Транспалатален лак

Се користи по терапијата со Hyrax и служи за одржување на ширината на горниот забен лак.

Herbst

Наместо twin block, може да се користи Herbst кој што е исто така фиксен функционален апарат за корекција на односот помеѓу вилиците. Се користи кај пациентите кои одбиваат да соработуваат и не сакаат да носат Twin block. Комплициран е за изработка, а неговиот недостаток е што може да пукне. Терапијата Herbst би требало да трае отприлика  10 месеци.

Pendulum и pendex

Тоа се апарати за помрднување на горните катнци нанапред и ширење на вилиците. Корисни се во случаи на прерана загуба на горните млечни заби и тоа кога горниот траен катник веќе се помрднал нанапред и го затворил просторот за никнување на некој траен заб.

РЕТЕНЦИЈА

Ретенција е последна и многу важна фаза во ортодонската терапија со која што забите ќе ги задржиме во саканата положба. За да трајно постигнеме забите да останат во саканата положба, мораат да бидат во ретенција во период од една година. По отстранувањето на брекетите,  коските и ткивата околу забот мораат да се стабилизираат во посакуваната положба. Направите кои ги користиме за ретенција се мобилни плочи за горната и долната вилица или ретаинери од фолија кои се потполно прозирни. На внатрешната страна на предните горни и предните долни заби се става фиксна жица која исто така спречува забите да се мрдаат. Доколку ретенцијата се носи по упатството од ортодонтот, забите ќе се вратат во своите почетни положби и ортодонската терапија ќе треба да се повтори. Во текот на животот, забите постојано се помрднуваат , така да за задржување на правилната позиција се препорачува носење на фиксна ретенција засекогаш. Мобилните ретаинери се носат во перид од една година по симнувањето на фиксниот апарат, според упатствата кои што ги дал ортодонтот, најчесто тоа е носење само ноќе. Ретаинерите се чистат со вода и четка за заби по секоја употреба. Исто така може да се чистат во раствори за чистење протези, раствори за уста или во алкохол.

ХИГИЕНА И ГРИЖА ЗА АПАРАТОТ

Пред почетокот на било каква ортодонтска терапија, пациентот ќе добие темелни упатства за одржување на орална хигиена. За редовна хигиена се смета чистење на забите и апаратот после секое јадење. Забите на кои што се брекетите  се тешки  за чистење и на нив повеќе се задржува храната.  Земајќи го во обзир отежнатото одржување на хигиена со фиксниот апарат, најдобро е хигиената да се спроведува навечер и тоа барем 10 минути темелно чистење со посебна четкичка за фиксни апарати.  Ако остане храна подолго време на забите, зголемена е шансата за кариес и заболување на месото околу забот. Заболување на месото околу забот најлесно се приметува ако местото крвари при четкање – ако обрнете внимание ќе видите дека месото е црвено и отечено. Во тој случај препорачуваме посилно четкање како би го намалиле воспалувањето и да го тргнеме талогот.  Воспалувањето би требало да помине за неколку дена. Ако тоа не се случи, посетете стоматолот кој што ќе направи темелно чистење и ќе ја спречи можноста за создавање на џебови околу забот. Редовните контроли кај стоматолог се задолжителни на секои 3 до 6 месеци во текот на ортодонтската терапија.

БОЛКИ ВО ЗАБИТЕ

Болките во забите најчесто траат еден ден по поставувањето на апаратот. Станува збор за чуствителноста на загризот која може да трае до 7 дена и потоа престанува. Забите можат да бидат чувствителни при секоја промена на жицата. Доколку болката станува неподнослива слободно искористете некоја таблета против болки.

Болки во непцето. Ако почувствувате болка во непцето тогаш најверојатно станува збор за воспаление на непцето што го предизвикува неодговорната хигиена.

БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ

Во текот на ортодонтската терапија на вашиот зглоб му треба извесно време да се прилагоди на новата положба на забите со што се очекуваат некои помали болки. Ваквите болки лесно и брзо поминуваат.

ДВИЖЕЊЕ НА ЗАБИТЕ

Во текот на ортодонтската терапија поместувањето на забите е нормално бидејќи тоа претставува самата цел на терапијата. Промената на положбата на забите најчесто е мала, но ако сте загрижени тогаш слободно можете да закажете контролен преглед.

ПОВРЕДА НА ОБРАЗОТ

Додека вашите образи да се навикнат на новиот предмет во устата се очекува појавување на мали рани на внатрешната страна на образот. Ви препорачуваме да користите восок за да го спречите понатамошното појавување на рани.

ОДЛЕПУВАЊЕ НА ДРЖАЧИТЕ

Доколку забележите дека држачот со кој протезата се зацврстува на забот е одлепен тогаш ви препорачуваме да закажете посета што е можно поскоро. Ако држачот е одлепен тогаш силата не влијае на забите и терапијата не одговара.