Ние ја градиме вашата НАСМЕВКА!

ПАРАДОНТОЛОГИЈА

Парадонтологија е гранка на стоматологијата која се занимава со проучување и лечење на потпорниот апарат на забот (парадонт), односно на забното месо, коските и влакната кои го поврзуваат забот за коската.

ПРИЧИНИ, БОЛЕСТИ И ЛЕЧЕЊЕ

Во усната шуплина можеме да пронајдеме и повеќе од 400 видови на бактерии, а за 20 врсти точно се знае дека се причинители на болести на парадонтот.

Поради лошото одржување на оралната хигиена на забите останува плак. Него го населуваат бактерии кои се причинители на парадонтот. Плакот во близина на забното месо предизвикува воспален имунолошки одговор, а тоа резултира со уништување на потпорното ткиво на местото на воспалението, па со тоа настануваат парадонтни џебови и губиток на коски околу самиот заб. Забен камен е втор фактор кој придонесува за развој на парадонтни болести. Забниот камен всушност е калцифициран забен план, тој самиот не доведува до воспаление,  но неговата порозна градба е погодна за населување на бактерии.

Некои од бактериите кои се поврзани со парадонтните болести се Porphyromonas gingivalis, Prevotella intermediae, Actinobacillus actinomycetemocomitans и Bacteroides forsythus.

Гингивитис е воспаление кое го опфаќа забното месо. Забното месо станува ранливо, отечено, болно и лесно крвари при четкање. Гингивитис кој што не се лечи може да премине во многу поозбилна состојба – парадонтитис.

Парадонтитис е честа болест – може да се појави во секој период од животот, иако најчеста е кај личностите постари од 40 години и кај нив е водечки причинител за губиток на забите.  Знаејќи дека е причинет од бактерии и го опишуваат воспалителните и имунолошките реакции, истражувањата го поврзуваат парадонтисот со многу системски болести. Поради тоа потребно е да се реагира на време и да се спречи понатамошно пропаѓање на парадонтното ткиво.

Иницијална терапија – вклучува отстранување на забниот камен и забните наслаги, полирање на забните вратови и промена на лошите забни пломби, коронки, мостови и слично. Во текот на парадонтолошката терапија една од најважните работи е соработката и мотивираноста на пациентот за терапијата, бидејќи добрата орална хигиена е од пресудна важност во текот на терапјата.

Пушење – силно влијае на терапијата за парадонтитис. Престанокот со пушење може да ја врати нормалната парадонтална функција и да го забави губитокот на алвеоралната коска. Пушачите имаат најголема шанса да добијат парадонтална болест бидејќи кај нив најчесто се наоѓа голема количина плак и забен камен.

КИРЕТАЖА

Конзервативно или „нехируршко“ лечење е вториот дел од иницијалната терапија, а вклучува затворено чистење на парадонталните џебови. Во ова лечење ги вбројуваме чистење на површината на коренот од плак и забен камен, стругање на слоевите цемент на површината на коренот кои содржат бактерии, полирање на коренот, киретажа на мекото ткиво и „full money therapy“. Сите овие постапки се нарекуваат „затворена киретажа“ бидејќи се спроведуваат без отстранување на гингивите и без непосреден увид во џебот или површината на коренот. Ваквиот начин на терапија е сигурна и стандардна постапка за лечење на почетен или умерен парадонтитис, а покажува добри резултати и поволно е за ткивото. Нехируршкото лечење често е потпомогнато  со антимикробната терапија или антисептичката терапија на целата уста.

РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ СО ЗДИВОТ

Халитозата или здивот се резултат на претерано размножување на бактерии во усната шуплина, што може да биде резултат од незадоволителна орална хигиена. Стресот, пушењето, рефлуксот на киселини и одредени прехрамбени производи можат дополнително да ја влошат состојбата, а најчест виновник за лошиот здив се кариозните заби, гингивитис и парадонтитис. Поради недоволната орална хигиена, која често ја извршуваме по навика и на брзина, доаѓа до насобирање на плак и забен камен кои создаваат идеална подлога за населување и размножување на многу видови бактерии. Гингивитисот и парадонтитисот се сериозни проблеми кои исто така предизвикуваат појава на лош здив и во тие случаи потребна е прилагодена терапија за секој пациент поединечно. Растворите за плакнење или гумите за џвакање можат привремено да го решат овој проблем, или подобро кажано – да го прекријат, но бактериите рапидно продолжуваат со своето штетно влијание.  Со редовните контроли кај стоматолог и стручно отстранување на забнниот камен и плак како и одржување на оралната хигиена во домашни услови, овој проблем може успешно да се реши.

ПРЕКРИВАЊЕ НА ОТВОРЕНИ КОРЕНИ

Парадонтолошките хируршки постапки се дел од целината која ја нарекуваме парадонтолошко лечење. Тие се забележуваат во втората, корективната фаза на лечење, по постигнувањето на резултати со други обични терапии. Пациентот мора да биде мотивиран за одржување на постигнатите резултати, а контролата на плакот мора да биде засилена. Целта на парадонталните хируршки постапки е отстранување на инфицираниот џеб што не можело да се постигне со други применети методи или антимикробни лекови, па хируршките постапки ги користиме кај многу длабоки џебови,  дефекти во внатрешноста на коските и кога губитокот на коските и забното место се зафатени со поголеми површини на корените. Освен тоа, целта исто така е да се поправат дефектите на гингивата и коските за да се олесни ефективната контрола на денталниот плак(посебно се мисли на просторите помеѓу поединечни заби)

ПАРАДОНТОЛОШКА ХИРУРГИЈА

Парадонтолошките хируршки постапки се дел од целината која ја нарекуваме парадонтолошко лечење. Тие се забележуваат во втората, корективната фаза на лечење, по постигнувањето на резултати со други обични терапии. Пациентот мора да биде мотивиран за одржување на постигнатите резултати, а контролата на плакот мора да биде засилена. Целта на парадонталните хируршки постапки е отстранување на инфицираниот џеб што не можело да се постигне со други применети методи или антимикробни лекови, па хируршките постапки ги користиме кај многу длабоки џебови,  дефекти во внатрешноста на коските и кога губитокот на коските и забното место се зафатени со поголеми површини на корените. Освен тоа, целта исто така е да се поправат дефектите на гингивата и коските за да се олесни ефективната контрола на денталниот плак(посебно се мисли на просторите помеѓу поединечни заби)