Ние ја градиме вашата НАСМЕВКА!

Протетика

Протетиката е гранка на стоматологијата која ги опфаќа изработката и надокнадувањето на изгубените заби и пропратните структури. Главната цел на протетиката е да ја врати нормалната орална функција на пациентот. Фиксната протетика може да ја замени коронката на забот, односно два или повеќе заби, со што на пациентот му се враќа функционалноста, природниот изглед и чувството на удобност.

Мобилната протетика исто така се занимава со враќање и одржување на нормалната функција на устата, но ваквите помагала можат да се вадат од устата. На овој принцип работат целосните и парцијалните протези.

Метал - Керамика

Фиксните протези изработени од метал-керамика претставуваат најлесно и најчесто решение кое ги задоволува сите естетски и функционални потреби на пациентот. Ваквите коронки имаат метална основа околу која се формира керамичка коронка што го покрива металниот дел. Со големиот избор на бои можат да се добијат одлични естетски резултати. Ваквите коронки се изработуваат од различни метали како на пример: златно-платинска легура, хром-кобалт-молибдна легура и никел-титаниумска легура.

Керамика ‘без метал’

Тоа е фиксно помагало изработено од стаклена керамика, алуминиумско-оксидна или циркониева керамика. Најголемите предности во изработката на протезите од ваков материјал се: соединувањето од биолошки карактер, постојаноста во устата, константниот волумен и непроменливата боја, големата цврстина и естетика на коронките. Потребата да се откријат ваквите материјали произлегува од естетските потреби на пациентите во модерното време, но и поради некои недостатоци на метално-керамичките протези како на пример: често посивување на металната подлога во вратот на коронката, трошењето на забот од спротивната страна, појавување на пукнатини во коронката и релативно тешката поправка на керамичките фурнири. Денес освен функционалноста на протезите потребно е и да се остварат естетските критериуми на пациентите. Кај безметалните помагала нема метални ‘капки’ со кои се покрива остатокот на забот или надоградба на која се нанесува слојот од керамика.

Во овој случај целиот заб е во бела боја, односно во природната боја на забите која се одредува во согласност со остатокот од забите во устата. Целосната коронка која е изработена од керамика, како и природните заби пропуштаат светлина така што ваквиот заб изгледа ‘живо’ и совршено се вклопува со остатокот на забите во вилицата.

Inlay/Onlay

Inlay претставува надоместок кој се изработува во заботехничка лабараторија. Со својот изглед наликува на обична пломба. Со него се надоместува делот од коронката на забот кој е оштетен од кариес или скршен. Во случај кога се надоместува горната површина на забот тоа го нарекуваме inlay а во случај кога се надоместува и горната и страничната површина тогаш се нарекува Outlay. Во ситуација кога е потребно да се поврзат два inlaу, се користи мост, односно inlay мост. Ваквото санирање на кариесот има одредена предност во споредба со обичните компизитни пломби.

Ламинати - Veneers

Ако вашите заби се неправилни, оштетени или има појава на промена на боја, со помош на керамичките ламинати можете да ги решите сите проблеми. Иако ламинатите не ја заменуваат добрата орална хигиена, со нивна помош можеме брзо и едноставно да го решиме проблемот, да ја разубавиме вашата насмевка и да ви ја вратиме самоувереноста.

Ламинатите се тенки, прозирни и прават предниот дел на забот да изгледа убаво. Со нив можеме да ви ја промениме формата, големината, положбата и бојата на природните заби како и намалување на просторот меѓу забите, корекција на одредени ортодонтски неправилности, исправување на криви и изобличени заби или целосна замена на старите неестетски композитни пломби односно покривање на флеки и дисколорација.

Ламинатите се целосно изработени од керамика што ги прави многу слични на природните заби. Керамиката е отпорен и цврст материјал кој со својата боја, отпорност и одсјај наликува во целост на природните заби.

Подготовката за изработка и примена на ламинатите вклучува минимално бдлабнување на забите кои сакаме да ги покриеме односно носење на привремени ламинати додека керамичките ламинати се изработуваат во заботехничка лабараторија. Во наредната посета проверуваме дали ламинатите ви одговараат од аспект на бојата и формата која веќе ја одредивме па потоа трајно се цементираат и зацврстуваат ламинатите со композитен керамички цемент. Најпогодни пациенти за ламинати се личнисти кои одржуваат добра орална хигиена но не се задоволни со изгледот на својата насмевка и би сакале да ја разубават.

Мобилна протетика

Мобилната протетика се занимава со враќање и одржување на нормалната орална функција со помош на помагала кои се вадат од уста, односно со тотални и парцијални протези.

Тотални Протези

Целта на изработката на целосната односно тоталната протеза е воспоставување и враќање на сите изгубени функции од стоматолошки аспект (џвакање, изговарање, оклузија, естетика) кај пациенти кои што ги изгубиле сите заби.

Обезбедувањето на целосни протези кај пациентите без заби има повеќекратна задача - третман за лекување од последиците при губење заби, враќање на сите изгубени функции неопходни за животните потреби на пациентот, враќање на естетскиот изглед - главната причина поради која пациентите сакаат да им биде изработена протеза, како и прв чекор за превенција на понатамошното пропаѓање на коските и останатите ткива во устата.

Секоја целосна протеза наменета за пациентите без заби ги враќа:

- Функцијата за џвакање на храната - пациентот ќе може да ја иситне храната и да ја припреми за голтање.

- Естетскиот изглед - пациентот ке има причина почесто да ја покаже својата насмевка со што се зголемува самоувереноста и сигурноста при комуникација со други личности, чист говор итн.

- Зачувување на здравите меки ткива

- Намалување на губењето на коскена срж и превенција на проблемите со зглобот на вилицата.

Во случај кога на пациентот мора да му се отстранат неколку преостанати заби, најпрво се изработува привремена протеза која треба да се носи се додека ткивото потполно не зарасне. Кога веќе не се очекуваат понатамошни промени во вилицата се изработува конвенционална конечна протеза. Со ваквата протеза пациентот може нормално да јаде, да разговара и да се смее.

Парцијални протези

 Целта на изработката на парцијални односно делуни протези е воспоставување и враќање на сите изгубени функции од стоматолошки аспект (џвакање, изговарање, оклузија, естетика) кај пациенти кои што изгубиле дел од забите.

Обезбедувањето на парцијални протези кај пациентите што изгубиле неколку заби има повеќекратна задача - третман за лекување од последиците при губење заби, враќање на сите изгубени функции неопходни за животните потреби на пациентот, враќање на естетскиот изглед - главната причина поради која пациентите сакаат да им биде изработена протеза, како и прв чекор за превенција на понатамошното пропаѓање на коските и останатите ткива во устата.

Секоја парцијална протеза наменета за пациентите со делумно изгубени заби ги враќа:

- Функцијата за џвакање на храната - пациентот ќе може да ја иситне храната и да ја припреми за голтање.

- Естетскиот изглед - пациентот ке има причина почесто да ја покаже својата насмевка со што се зголемува самоувереноста и сигурноста при комуникација со други личности, чист говор итн.

- Зачувување на здравите меки ткива

- Намалување на губењето на коскена срж, да се зачуваат преостанатите заби и превенција на проблемите со зглобот на вилицата.

Ваквата протеза може да биде целосно изработена од Акрилат, но ви препорачуваме изработка на метален скелет (Wironit) на кој се прицврстуваат забите. Оваа протеза се прицврстува на здравите заби со специјални прицврстувачи.

Стабилноста на парцијалните (делумните) протези може да се осигура и со помош на ретенциски врски (анкери) со чија помош протезата се прицврстува со коронката на забот. Ваквото прицврстување е скоро невидливо што допринесува на естетиката, цврстината, сигурноста и удобноста на пациентот. Естетиката ја задоволуваме со тоа што на протезите вградуваме специјални високо квалитетни заби изработени од повеќе слоеви на керамика кои го имаат истиот одсјај и истата боја како природните заби, а притоа имаат и многу подобри механички својства (цврстина, отпорност на кршење и трошење) од класичните заби во протезата. Покрај се ова, додатна стабилност се постигнува со вградување на мини импланти.

Wironit протези.

Основата на ваквите протези е изработена од гранилна метална легура (Cr-Co) односно претставува протеза која е слична со класичната парцијална протеза само по индикациите. За преостанатите заби се прицврстува со помош на поцврсти леани жлебови. Секој поединечен жлеб се изработува така што треба целосно да го прекрие забот-носач со што се овозможува максимална стабилност на протезите во устата. Основата на протезите и жлебовите се лијат од ист метал со што се формира функционална целина која е цврсто поврзана со што пукањето и кршењето на жлебовите е речиси невозможно. Цврстината на металната легура овозможува изработка на многу лесна конструкција која е удобна за пациентот. За стабилноста на ваквата протеза можеме дополнително да се погрижиме со помош на ретенциски врски (анкери) со кои протезата се прицврстува на коронката на забот. Ваквите врски се невидливи и тоа допринесува за естетиката (за разлика од жлебовите), цврстината и на пациентите им овозможуваат поголема сигурност и удобност. Најголемата предност на ваквата протеза претставува тоа што целиот притисок при џвакањето на храната се пренесува преку преостанатите заби врз коската на вилицата. На овој начин се постигнува природно пренесување на силата. Со изработката на скелетирани метални протези се избегнува користењето на големата акрилна површина на основата на протезата. На тој начин секојдневната употреба на протезата е многу по удобна и полесно се поднесува односно се избегнува активацијата на рефлексот за повраќање.