Ние ја градиме вашата НАСМЕВКА!

РАДИОЛОГИЈА

Со најсовремената опрема за дигитална радиолошка дијагностика им гарантираме на пациентите минимално зрачење со одлични реузултати, односно висококвалитетни снимки. Кај нас можете да добиете снимки за дигитален ортопан, дигитални интраорални и bite wing снимки,  краниограми и снимки на максиларните синуси.  Ортопантомографијата има широка примена поради тоа што истовремено ги покажува горната и долната вилица и нивните пропратни структури, па може да се користи за проценка на траума, прикажување на трети катници, проценка на вмешување на дентиција при развојот на забот, но може и да послужи при анализа на изгледот на темпоромандибуларните зглобови.

ДИГИТАЛНА РАДИОЛОГИЈА

Интраорално снимање – во паралелна, ексцентрична и bite wing техника, дентален статус

Панорамско снимање – во 4 проекции на снимање на параназалните синуси и TMZ во две проеции (латерални – фронтални)

Специјални снимки – телерентгентска, кефалометриска снимка (LL, AP)

Кај нас можете да добиете снимки: дигитален ортопан, дигитални интраорални снимки, дигитални bite wing снимки, дигитален краниограм, дигитална снимка на максиларните синуси и дигитална снимка TMZ.

ДИГИТАЛНА ОРТОПАНТОМОГРАФИЈА

Со ортопан снимката може истовремене да се прикажат горната и долната вилица и нивните пропратни структури. Ортопантомографијата има широка примена поради тоа што истовремено ги покажува горната и долната вилица и нивните пропратни структури, па може да се користи за проценка на траума, прикажување на трети катници, проценка на вмешување на дентиција при развојот на забот, но може и да послужи при анализа на изгледот на темпоромандибуларните зглобови.