Ние ја градиме вашата НАСМЕВКА!

РЕСТОРАТИВНА СТОМАТОЛОГИЈА

Ресторативната стоматологија претставува гранка на стоматологијата која со мали чекори се бори против последиците од кариесот и заразните бактериски заболувања во устата на човекот.  Кариесот ја уништува структурата на забот и предизвикува болка. По отстранувањето на кариесот со помош на композитни пломби изработени од врвни материјали се враќа природен и здрав излгед на забот.

Кај подлабоките појави на кариес со кои се оштетува забната пулпа (живецот) мора целосно да се отстране кариесот и забната пулпа, а потоа со лекување на забот (пломбирање со соодветен материјал) се спречува понатамошното проширување на инфекцијата.  Лечењето на забите, односно терапијата со патолошки процес на забната пулпа е главна цел на ендодонцијата.

КОМПОЗИТНО ПОЛНЕЊЕ

Композитните полнења (пломби) претставуваат современи стоматолошки материјали кои се користат за лечење на забите оштетени од кариесот, помали трауми кај забот, разни дисколорации и помали ортодонтски недостатоци. Композитните пломби се естетски прилагодени на бојата на вашите природни заби со што се избегнува темната боја на забите поправени со обични амалгамски пломби. Нив можеме да ги користиме за санација на малите кавитети од кој прво се отстранува кариесот и деловите на забната глеѓ и дентинот кој ги зафатил кариесот, па потоа се надополнува тој тел на забот со композитно полнење (пломба) со боја која одговара на остатокот од забите во устата. Во случај кариесот да стигнал до забната пупла, прво се прави ендодонтски третман.

ЕНДОДОНЦИЈА

Ако кариесот не се излечи на време може да навлезе и во внатрешните делови на забот, односно забната пулпа. Во ваквите случаи во минатото единствено решение беше целосното одстранување на забот, но во денешно време стоматолозите во главно се во можност да го спасат заболениот заб.

Ендодонцијата е терапија со која се лекува коренскиот канал во кој кај нормалните и здрави заби се наоѓа живецот. Поради кариесот кој го уништува забното ткиво бактеријата има директен пат до коренскиот канал.  Бактериите во коренскиот канал предизвикуваат воспаленија и болки кои можат да се прошират на коската и ткивото кое го опкружува врвот на коренот на забот.

Оштетената или мртвата забна пулпа предизвикува зголемен проток на крв и клеткена активност во внатрешноста на забот. Притисокот кој се предизвикува од крвта во внатрешноста на забот не може да се намали бидејќи просторот во внатрешноста на забот е мала затворена комора која нема еластични клетки и не може да се прошири. Болката обично се чувствува при џвакање со заболениот заб и при конзумирање на топли пијалоци или храна. Содржината на коренскот канал во овој случај е инфициран со бактерии и потребно е да се отстрани, а самиот канал да се дезинфицира. Забниот канал го чистиме , прошируваме и обликуваме со цел на најлесен можен начин трајно да го поправиме со композитна пломба односно херметички го затвараме апикалниот отвор. На таквиот заб може да се направи надоградба и коронката да се потпре и прицврсти, па со тоа ја намалуваме можноста за вертикални пукнатини.

INLAY И INLAY МОСТ

Inlay е надоместок кој се изработува во забнотехничката лабораторија, а по својот изглед е многу сличен на обичната пломба. Со него го надоместуваме делот на коронката на забот кој што е оштетен од кариес или е фрактуриран. Во случај на надоместување на горната површина на забот се нарекува inlay, а доколку ги надоместува горната и постраничната површина тогаш се нарекува onlay. Во ситуација кога inlay се поставува на два заби помеѓу кои недостасува еден заб, таквата врста на надоместок се нарекува inlay мост. Ваквата санација на кариес има одредени предности пред обичната композитна пломба.